-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

(ВИДЕО) АЛСАТ-М: ПРАТЕНИЦИ НА ВМРО-ДПМНЕ ГИ ОТВОРИЛЕ ВРАТИТЕ ОД СОБРАНИЕТО – ТАРЧУЛОВСКИ ГИ НАСОЧУВАЛ ДЕМОНСТРАНТИТЕ

Телевизијата Алсат М, објави снимка на која се гледа дека вратите на Собранието во четвртокот кога група демонстранти влегоа во Собранието и ги нападнаа пратениците на СДСМ и Зијадин Села од Алијансата на Албанците, биле отворени од страна на двајца пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, а не пробиени.

Станува збор за пратениците Крсто Мукоски и Сашо Василевски се тие кои што ги отвориле вратите и кои дозволиле на демонстрантите да влезат внатре, објавува Алсат-М.

На снимката која што ја објави телевизијата се гледа како вратите се отвораат, демонстрантите почнуваат да влегуваат, а потоа се гледа пратеникот Василевски како се оддалечува од вратата, каде што веројатно бил претходно и со мавтање ги повикува демонстрантите да влезат.

На снимката може да се види и пратеникот Јохан Тарчуловски, за кого Алсат-М објави дека давал насоки на група демонстранти каде може да ги најдат пратениците од парламентарното мнозинство.

поврзани објави

Последни објави