fbpx
0.8 C
Skopje

Голем пожар кај Загреб

АКТУЕЛНО

Околу 150 пожарникари цела ноќ се обидуваа да го изгаснат огромниот пожар во фабриката за преработка на индустриски отпад “C.I.O.S” во реонот Јанкомир во близина на хрватскиот главен град. Утринава во Загреб секаде мириса на чад, соопштија локалните медиуми. Од фабриката не ја исклучуваат можноста, пожарот да е подметнат, бидејќи непосредно пред избувнувањето на огнот над фабриката е забележан дрон.  Во пожарот изгореле претежно дрвени отпадоци. Во инцидентот нема повредени. Пожарот беше целосно изгаснат во раните утрински часови.

 

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -