3.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

Хамас за прв пат направи промени во својата политичка програма

Палестинската радикална партија Хамас за првпат во својата историја направи промени во својата политичка програма. Таа ја усвои идејата за палестинска држава во границите од 1967 година, инсистирајќи за “политичкиот”, а не религиозен карактер на конфликтот со Израел.
Документот содржи 42 точки и беше објавен на интернет на страницата на Хамас во моментот кога во Доха почна прес-конференција на лидерот на Хамас Халед Мешаал. Хамас се смета за терористичка организација од САД, ЕУ и Израел, а многу од нејзините лидери се предмет на санкции.  Главната промена е признавањето на државата Палестина во границите од 1967, а имено пред израелската окупација на Западниот Брег, појасот Газа и источен Ерусалим. Тоа го објасни висок раководител од Хамас, кој побара анонимност. Промената во политичката програма на Хамас не го вклучува признавањето на Израел. Друга важна точка во овие дополнувања е разграничувањето на Евреите како “верска заедница од една страна и од друга – окупацијата на Палестина како ционистички проект”.
Во текстот е поставено и дистанцирањето на Хамас и египетските „Муслимански браќа“. Документот на Хамас ќе биде претставен и пред неколку странски престолнини, дел од кои одбиваат дијалог со палестинската организација. Од кабинетот на палестинскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го окарактеризираа новиот документ на Хамас како “полн со лаги”.

поврзани објави

Последни објави