Кендал Џенер ја игнорираше темата на овогодишната МЕТ гала и се појави на свеченоста во фустан кој го разголи нејзиното тело и ја покажа нејзината долна облека.
Креацијата е од високата мода на La Perlа и е рачно украсен со 85.000 кристали. Својот изглед, славниот модел го надополни со елегантни обувки од Кристијан Лобутин.
Иако веќе подолго време има гласини дека Кендал е во врска со A$AP Rocky, досега тие беа само шпекулации. Кајли Џенер синоќа сподели фотографија на која го фотографира познатиот рапер и нејзината сестра со што на одреден начин ги потврди гласините.
Парот беше фотографиран и внатре на забавата.