fbpx
16.8 C
Skopje

Бугарија е втора во Европа по млади луѓе кои живеат со своите родители

АКТУЕЛНО

Бугарија се рангираше на второто место во Европа по бројот на “мамини дечиња”. Ова го покажуваат податоците на Еуростат и американско истражување.

Според нив 52,8% од Бугарите меѓу 25 и 34 години продолжуваат да живеат во куќата на своите родители. Пред нив на листата е само Словачка , каде 56,6 отсто од жителите во истата возрасна група продолжуваат да живеат со своите родители. Во Грција 51,6% од жените и мажите помеѓу 25 и 34 години живеат со куќата на нивните родители.

Над 40 отсто од Романците, Унгарците, Полјаците, Словенците и Италијанците продолжуваат да живеат со своите родители, иако наполниле повеќе од 24 години. Во Шпанија, Чешка, Литванија и Латвија секој трет ги поминал 30-тите години се уште дели покрив со мама и тато. Во скандинавските држави пак 96% од младите луѓе ги напуштиле домовите на своите родители пред навршувањето на 34 години , иако таму живеалиштата масовно се изнајмуваат.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -