fbpx
35.8 C
Skopje

Жерновски и Груевски утре на суд за „шамарите на Жерновски и демолирање на Центар“

АКТУЕЛНО

Откако претходно беше одложено, утре во судница за насилните протести пред Општина Центар и нарачувањето шлаканици за градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, покрај градоначалникот на Центар, ќе треба да се појави и првоосомничениот, поранешниот премиер Никола Груевски.

Тогашните протести беа насилни, а организирани од дотогаш непознатата граѓанска иницијатива „Веритас“, под образложение дека градоначалникот на Центар сака да ја запре изградбата на црквата „Св. Константин и Елена“, што од страна на Жерновски беше неколкупати демантирано.

И покрај тоа што протестантите беа фотографирани и се добро познати, тие сепак не беа изведени пред лицето на правдата, при што градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски напиша писмо во кое побара насилниците да бидат фатени и казнети.

„Недозволиво е 15 месеци да не се откријат насилници фатени на камера. Уште повеќе што наводната НВО ‘Веритас‘, која тогаш се јави како организатор на протестите, воопшто не е регистрирана како невладина организација“, напиша тогаш Жерновски во писмото.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -