fbpx
1.8 C
Skopje

Заев за БГНЕС: Бугарија е пријател на Македонија, ние сме братски народи!

АКТУЕЛНО

„Република Македонија нема да биде бинационална држава. Нема да ги менувам државните симболи. Бугарија од секогаш имала принципиелен и пријателски однос кон нас“. Ова го изјави претседателот на СДСМ, Зоран Заев за бугарската агенција БГНЕС.

Агенцијата ја објави целосната изјава на Зоран Заев:

Очекувам во Македонија демократските процеси да се движат согласно Уставот, Правилникот за работа на Собранието и законите на Република Македонија. Тоа значи новоизбраниот претседател на Собранието на Република Македонија да ги добие печатите, да биде прогласен за избран во Службен весник, а потоа да го пушти писмото до претседателот Ѓорге Иванов за давање мандат на новиот кабинет.

Ова се работите кои секој нормален човек ги сака во нашата Македонија. Сепак, ова е можно со многу трпение, бидејќи нашиот политички противник не е подготвен да ја предаде власта и денес во парламентот повторно имаше опструкција од нивна страна – новиот претседател да почне да ги исполнува своите обврски.

Политичките противници разбираат и знаат дека има демократски избран претседател. Честитки дојдоа од целиот свет – од ЕУ, од САД. Но, за жал, не можам да кажам дека нема да прават пречки, но прашањето ќе биде решено преку легални процедури. Бугарија е пријател на Македонија. И тука нема никаков спор. Бојко Борисов како поранешен и иден премиер се јави и на мене и на Никола Груевски. Ова е демо за загриженост за Македонија и сите нејзини граѓани. Тоа е пријателски однос. Имаше желба за помош од негова страна и јас лично сум благодарен за ова однос од страна на еден голем пријател на Македонија и иден премиер.

Имаше желба за помош од негова страна и јас лично сум благодарен за овој однос од страна на еден голем пријател на Македонија и иден премиер на Бугарија.

Јас ги почитувам сите протести. Правото на протест е загарантирано во секоја демократска држава.

Јасно одговорив дека сè што ќе правиме ќе биде за суверинитетот и интегритетот на Македонија, согласно Уставот. Република Македонија нема да биде двонационална држава, таа ќе остане таква што е. Никој нема да воведе странски интереси. Во однос на “тиранската платформа” – таму станува збор само за преговори меѓу политичките партии за формирање влада. Сè што ќе прави владата ќе биде во интерес на сите нејзини граѓани и Република Македонија. Подобрувањето на односите со соседите, со Бугарија вклучувајќи, која е голем пријател на Македонија. Ќе работиме за демократијата и правната држава. Верувам дека и сите наши соседи очекуваат нормализација на ситуацијата кај нас и подобрувањето на билатералните односи.

Во декларацијата на албанските партии има и една спорна точка и ние јасно кажавме дека не се согласуваме со неа. Тие сакаат да започнеме дебата за државните симболи на Република Македонија – за знамето, грбот и химната. Ние не може да ги запреме дебатите, но ние сме против оваа промена. Против промената на уставното име на нашата земја – Република Македонија. Но, всушност тоа служи како алиби на нашиот политички противник, за да не ја предаде власта на новото парламентарно мнозинство. Роден сум недалеку од бугарската граница. Се што имам, е Македонија и нема да ги предавам националните интереси. Македонија е татковина на Македонците и на другите заедници – знаете тука имаме Бугари, има Срби, Роми, Власи, Турци, имаме и Албанци. Таа е наша татковина.

Во иднина ние сме должни да соработуваме, како што тоа го правевме и во минатото. Власта е должна да соработува со опозицијата. Треба да извршиме реформи, како во областа на правосудството, за кои е потребно двотретинско мнозинство.

ЗА БУГАРИЈА

Ние сме братски луѓе, еден народ. Македонија сака нормализација. Како потенцијален мандатоносител испраќам пријателски поздрави до Бугарија од соседна Македонија, која сака да биде полноправна членка на ЕУ и НАТО. И тоа природно може да се случи ако ја продлабочиме соработката и со Бугарија.

 

 

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -