Советникот на американскиот претседател Доналд Трамп и негов зет Джаред Къшнър е деловен партнер со милијардерот Џорџ Сорос, со Коосновачот на системот за плаќање PayPal Питер Тил, како и со инвестициската банка Goldman Sachs. Оваа информација била добро криена од сопругот на Иванка Трамп, бидејќи претставува конфликт на интереси, пишува американското издание The Wall Street Journal.
Според The Wall Street Journal зетот на Трамп исто така скрил дека зел од 20 различни кредитори заеми во вкупна вредност од 1 милијарда долари. Во исто време тој е гарант за отплата на долгови во износ од 300 милиони долари.
Според весникот Кушнер поседува удел во компанијата „Cadre“ која работи со повеќе партнери за реализација на големи проекти во областа на недвижните имоти. Претходно весникот соопшти дека семејната компанија “Kushner Companies” има преземено заем во износ од 50 милиони долари од едно од најбогатите израелски семејства која се занимава со трговија на дијаманти. Станува збор за милијардерот Бени Шаинмец кој е под истрага поради сомневање дека давал големи поткупи на членови на владата во Гвинеја.