14.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Заев за Курир: Македонците и Србите се браќа- Груевски и Вучиќ си личат

Само неколку часа по интервјуто за бугарската информативна агенција БГНЕС, лидерот на СДСМ Зоран Заев даде интервју и за српскиот информативен сајт Kurir. Во своето интервју, Заев подвлече дека Македонците и Србите се православни браќа и додаде дека Европа ќе биде задоволна ако види дека соработката меѓу двете земји се зголемува.
На прашањето, зошто националистичките кругови го поддржуваат повеќе Груевски, Заев одговори дека и во Србија постои националистичко раководство начело со Александар Вучиќ. Во врска со проблематичниот избор на Талат Џафери за избор на македонското Собрание, Заев истакна дека партијата ВМРО-ДПМНЕ била 11 години во коалиција со албански партии, Талат Џафери бил претседател на собраниска комисија, а исто така и министер за одбрана, нешто што според лидерот на СДСМ тогаш не било спорно.
Во меѓувреме српскиот политичар Александар Вулин (лидер на Движење на социјалистите) го нападна Зоран Заев, прашувајќи го,кој од албанските лидери Рама, Тачи или Џафери му ја има дадено идејата за напад врз Александар Вучиќ.

поврзани објави

Последни објави