Судијката Татјана Михајлова го одложи денешното рочиште од судењето за насилствата пред општина Центар, каде првообвинет е поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.
Таа судењето го закажа за 28 јуни, со образложение дека тројца од обвинетите не биле присутни. Обвинителот од СЈО, Гаврил Бубевски побара од Михајлова да ги даде снимките од првото рочиште на Обвинителството, нешто што СЈО го бара веќе подолго време, по што судијката кажа дека таа камера не била стенограм, туку била за потребите на Судот и не можела да ги даде никаде.
СЈО побара притвор за тројцата кој не беа присутни на судењето, а одбраната рече дека дел од нив биле оправдано отсутни, а било можно и останатите да бидат оправдано отсутни.