Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан е презадоволен од залагањето и победата на неговата екипа против Атлетико Мадрид во полуфиналето од Лигата на шампионите.
Реал синоќа на својот стадион го победи Атлетико со 3-0 ,а сите три погодоци ги постигна Кристијано Роналдо, во 10,73,86 минута.
„Кристијано е роден голгетер. Тој е единствем, сите играчи беа одлични“, изјави Зидан по синоќашната победа.
Роналдо стана првиот фудбалер во историјата на Лигата на шампионите кој постигнал најмалку 50 голови во регуларниот дел и најмалку 50 голови во нокаут фазата.