Шефот на државата Ѓорге Иванов ќе добие писмо од новоизбраниот претседател на Собрание, Талат Џафери за да го даде мандатот за составување на новата македонска влада , пишува СДСМ во денешното соопштение до медиумите.
„Собранието се комплетираше, има декларирано парламентарно мнозинство, има нов легитимен претседател на Сoбранието кој испраќа писмо до Иванов и ќе го информира дека се исполнети условите за доделување на мандатот на претседателот на СДСМ, Зоран Заев. Иако Програмата на новата Влада е јавно објавена, претседателот Заев ќе ја реафирмира и пред Иванов и пред домашната и меѓународна јавност со што ќе се докаже дека таа е силен гарант за унитарноста и целовитоста на Македонија, со што ќе се отстранат сите сомнежи околу наводни редефинирања на државата“, се вели во соопштенито на СДСМ.