Одложено е денешното рочиште за случајот „Поткуп“, во кој обвинет е претседателот на СДСМ, Зоран Заев. Рочиштето е одложено по барање на одбраната, оти, како што наведуваат, Заев имал закажана средба со претставници на ОБСЕ, за случувањата на 27 април во Собранието. Заев не даде изјава, тоа го остави за по средбата со претставниците на ОБСЕ. Следното рочиште е закажано за на 27 јуни.
На минатото рочиште одбраната побара да и достават докази, а не само листа на докази на кои се темели обвинението против Заев.
Првото рочиште за случајот „Поткуп“ беше закажано на 25 јануари минатата година, а оттогаш имаше речиси десетина одложувања за старт на процесот.
Според Обвинителството, Заев во својство на градоначалник на Општина Струмица од струмички бизнисмен побарал поткуп од 160 илјади евра, за градежно земјиште во Струмица.