Основната мисија на владата е подобрување на квалитетот на животот на бугарските граѓани и успешен развој на Бугарија. Ова го изјави лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов од парламентарната трибина пред гласањето на составот на новата бугарска Влада.
“Јавноста очекува од нас да ги продолжиме реформите во судството“, рече тој.
„Ќе понудиме нов закон за антикорупција, кој ќе создаде една антикорупциска институција“, објасни Бојко Борисов и додаде дека ќе се создаде нов ред во борбата против корупцијата.
“Имаме обврска до крајот на 2018 година да бидат исполнети 17- те препораки од Механизмот за соработка и оценка на Европската Унија“, рече уште лидерот на ГЕРБ.