Ова значи да се патува со стил. Опремен со полн бар, апартмани на два ката, бањи направени од кипрово дрво, луксузниот куше воз „Shiki-Shima“ веројатно е лајлуксузното транспортно средство во светот. Билетите за патување чинат дури 10.000 долари.
„Shiki-Shima“ го направи првото патување од Токио до островот Хокаидо на 1 мај. Има десет вагони кои може да соберат до 34 патници, вклучувајќи и два вагони за набљудување на пејзажите, менза и соба за одмор.