fbpx
-7.2 C
Skopje

Коѕиас: Само ние не се мешаме во внатрешните работи на Македонија

АКТУЕЛНО

Грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕиас, синоќа упати предупредување против оние кои размислуваат и сонуваат за дестабилизација на Балканот и за менување на границите, јави грчката државна новинска агенција АНА-МПА.

„Грција, цврсто се зазема за стабилноста во регионот. Ние стоиме цврсто во корист на обединетоста на таа земја и сме единствените кои дури ни денес не се мешаат во нејзините внатрешни работи. Ние ќе го браниме нејзиното постоење“, рече тој.

Според Коѕиас, „сега сме во ера каде има стабилност, која бара стабилност во меѓународните правила и во спроведувањето на меѓународните односи“ и затоа бара голема почит кон границите.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -