Американскиот претседател Доналд Трамп во Њујорк разговараше со премиерот на Австралија, Малколм Турнбул и билатералните односи ги оцени како „одлично пријателство“.
Трамп посочи дека е надминат спорот кој настана поради неговите претходни изјави дека е „невероватно разочаран“ бидејќи неговиот претходник Барак Обама се согласил на договор со Австралија, со кј се овозможува прием на муслимански бегалци во САД.
– Тоа го решивме, И тогаш имавме добар разговор. Медиумите претераа. Не сме деца, посочи Трамп.
Трамп првпат од доаѓањето на власт се сретнува со странски официјални претставници во Њујорк, каде неколку стотина луѓе протестираа.