fbpx
33.8 C
Skopje

Заев за бугарската „Блумберг ТВ“: Еден од најважните наши соседи е Република Бугарија

АКТУЕЛНО

„Имаше многу националистичка реторика во Македонија. Верувам дека тоа е веќе минато. Со подемот на лево-ориентираните политичари и формирањето на новата влада, можен е напредок во односите на Македонија со сите соседи. Еден од најважните наши соседи е Република Бугарија“. Ова го изјави лидерот на СДСМ, Зоран Заев во интервју за бугарската „Блумберг тв“.

Заев вели дека постои огромна перспектива за унапредување на односите помеѓу Бугарија и Македонија.

„Ние сме братски народи. Мораме да работиме во интерес на нашите граѓани, нашите бизниси, и од македонска и од бугарска страна. Имаме контакти со нашата сестринска партија во Бугарија – БСП, исто така сме во контакт и со ГЕРБ и со другите политички сили. Тоа е добра основа на која можеме да градиме одлични односи“ – вели Заев.

Лидерот за СДСМ во интервјуто зборува и за перспективите на Македонија за излез од политичката криза и во тој контекст вели оти очекува дека до крајот на мај треба да биде избрана новата влада.

„Сега имаме мирни денови по она што го видовме во македонскиот Парламент. Новиот спикер на Парламентот веќе ја презеде функцијата и очекуваме Службен весник и официјално да го објави неговиот избор. Јас сум оптимист и очекувам да го добијам мандатот до средината на мај за да можеме да ја предложиме новата влада во Парламентот. Очекувам Парламентот да ја избере новата влада до крајот на мај“ – вели Заев во интервјуто за „Блумберг тв Бугарија“.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -