fbpx
33.8 C
Skopje

Оваа година над 8.500 учесници на Виз Ер маратонот во Скопје

АКТУЕЛНО

Виз Ер Скопскиот маратон полека прерасна во еден од најмасовните и најпопуларните спортски настани во Македонија и пошироко, а в недела – 7 мај, неколку илјади спортски вљубеници повторно ќе трчаат низ улиците на македонската метропола Скопје. На денешната прес – конференција, организаторот соопшти дека се е подготвено за оваа врвна атлетска манифестација.

„За угледот и реномето на Скопскиот маратон исто така говори податокот дека тој е важен и за исполнување на норми за учество на сите најзначајни европски и светски шампионати, како и за Олимписките Игри. Заедничката и посветена работа во изминатите години, професионализмот и упорноста во сите сегменти, доведоа до овие видливи резултати и факти. Ќе го потенцирам и тоа, дека за Градот Скопје и за Република Македонија маратонот има и културна, економска и туристичка димензија, потребна за афирмирање на имиџот на нашиот главен град и на нашата држава“ истакна градоначалникот Коце Трајановски.

Тој додаде дека и оваа година за оваа манифестација Град Скопје од својот буџет има издвоено 1.200.000 денари, а ги има ставено и на располагање сите јавни претпријатија под негова ингеренција, кои беспрекорно си ја вршат својата работа и за тоа им упати јавна благодарност.

Во склоп на Виз Ер Скопскиот маратон ќе се одржи и Детски мини маратон во сабота, 06.05.2017, во 10.00 часот на кеј на реката Вардар, позади Парк Хотел и Спа. Партнери на Детскиот мини маратон се Македонски олимписки комитет и УНИЦЕФ.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -