10.8 C
Skopje
Wednesday, November 13, 2024

Заев на средбата со Бејли: Очекувам Иванов да ја исполни уставната должност

Зоран Заев, претседателот на СДСМ  придружуван од заменик претседателката Радмила Шекеринска и генералниот секретар Оливер Спасовски денеска се сретна со амбасадорот на САД во Р.Македонија, Џес Бејли.

Заеднички е констатирано дека демократските процеси е неопходно да продолжат со формирање на новата реформска Влада, којашто ќе обезбеди стабилност во државата и перспективи на Македонија кон НАТО и ЕУ, а со тоа и квалитетен живот за сите граѓани.

„Парламентарното мнозинство по изборот на новиот собраниски претседател, ги презема следните чекори согласно Деловникот, Уставот и законите во процесот за формирање на новата реформска Влада. Очекуваме Ѓорге Иванов да постапи согласно уставните задолженија и да го даде мандатот“ , рече претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Претседателот на СДСМ додаде дека СДСМ е посветена да ги реализира сите преземени обврски кон граѓаните за економска стабилност и развој на Македонија.

„Новата Влада ќе ги спроведе потребните реформи и ќе обезбеди, за сите граѓани, без разлика на политичката, етничката или каква било друга припадност, сигурна иднина, во праведна и унитарна Република Македонија. Иднината на Македонија се НАТО и Европската унија и одлучни сме да работиме на вредностите што водат кон тие интеграции“, рече Заев.

На средбата е осудено насилството во Парламентот и е констатиртано дека сите политички субјекти мора да бидат на ниво на одговорноста и да овозможат мирен трансфер на власта и заштита на граѓанските и државните интереси.

поврзани објави

Последни објави