fbpx
28.8 C
Skopje

Тачи: Време за поинаков квалитет на дијалогот со Белград

АКТУЕЛНО

Косовскиот претседател Хашим Тачи изјави дека е време за поинаков квалитет на дијалогот со Белград, оценувајќи дека ЕУ треба да ја задржи централната улога во тој дијалог, но и истакна дека забавувањето на процесот на приближување на Западен Балкан кон ЕУ претставува безбедносна закана.

„Сфаќаме дека ЕУ е заморена од проширувањето. Но заложбата на земјите од Западен Балкан за придружување кон ЕУ не треба да трпи поради овој замор. Доцнењето на ЕУ да го приближи регионот на Западен Балкан претставува закана за безбедноста. Вакуумот што ЕУ го остава брзаат да го заземат други идеологии, националистички и религиозни“ рече Тачи во текот на средбата со министерката за надворешни работи на Шведска, Маргот Валстром“, се наведува во соопштението од неговиот кабинет.

Според Тачи, дијалогот мора да се претвори во процес на помирување, а во него Европската Унија треба да ја задржи централната улога.

„Имаме добри односи со соседните држави, со Србија сме ангажирани во процесот на дијалогот. Време е за поинаков квалитет на дијалогот и тој мора да се претвори во процес на помирување, пријателство и добрососедска соработка меѓу Косово и Србија, рече Тачи.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -