11.8 C
Skopje
Friday, November 1, 2024

Почина актерот Ѓорѓи Бисерков Дампе

Ненадејно почина македонскиот театарски и филмски актер и долгодишен член и соработник на Велешкиот театар Ѓорѓи Бисерков Дампе.

Ѓорѓи Бисерков Дампе е роден во Велес, во 1941 година. Од 1960 до 1964 година бил вработен како член на ансамблот на Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ во Велес, а од 1975 година бил ангажиран како постојан надворешен соработник.

Негови позначјани актерски остварувања на театарската сцена се Мирко во „Кула вавилонска“, Мане во „Зона Замфирова“, Љубомир во „Покојник“, Луков во „Црнила“, Теодос во „Чорбаџи Теодос“, Војводата во „Суд“, Кандилов во „Кукавичино јајце“, Жика во „Сомнително лице“, Кајгана во „Женидба“, Зганарел во „Дон Жуан“, Астров во „Вујко Вања“, Гласникот во „Антигона“, Осип во „Ревизор“, Гласникот во „Ифигенеја во Авлида“, Корифејот во „Бакхи“, Гегата во „Сердарот“, Трговецот во „Филоктет“, Полковникот во „На полковникот нема кој да му пишува“, Клопен Тројфу во „Ѕвонарот на богородичната црква“ и Гласникот во „Орест“.

Бисерков играше и во некои од најзначајните македонски филмови како „Среќна Нова 49-та“, „Јазол„, „Хај фај“, „Викенд на мртовци“, „Тетовирање“, „Македонска сага“ и „Големата вода“.

Погребот ќе се одржи утре во црквата „Свети Спас“ во Велес.

поврзани објави

Последни објави