fbpx
1.8 C
Skopje

Заев – Пирс: Разговаравме за перспективите како парламентарно мнозинство, Британија останува посветена на Македонија!

АКТУЕЛНО

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, заедно со претставници на парламентарните партии ДУИ, Беса и Алијанса за Албанците оствари средба со Карен Пирс, политичка директорка при Министерството за надворешни работи на Обединетото Кралство.

„Оваа изјава ја давам прв пат од името на Сојцијалдемократскиот сојуз и на коалиционите партнери, ДУИ, Беса и Алијансата на Албанците, со целосно нивно овластување. Зошто велаm вака? Затоа што ова денеска е и првото наше заедничко седнување во пречек на високиот гостин, госпоѓа Пирс од Велика Британија која е во посета на Македонија. Секако, сите лидери заедно на политичките партии, во отсуство на господинот Зијадин Села, а во присуство на неговиот сопартиец и пратеник господинот Весел, разговаравме за идните перспективи на Македонија како парламентарното мнозинство односно лидери зад кои стојат 67-те потписи што се доставени до господинот Иванов и кои се во исчекување на добивање на мандатот.

Велика Британија е во една поспецифична состојба за граѓаните на Велика Британија, но за нас може да биде навистина една извонредна можност како големи пријатели на Македонија, со свое позитивно влијание во регионот од секој аспект да помогнат во интегративните процеси на Р.Македонија. Пред се во нашето полноправно членство во НАТО a секако и членувањето во ЕУ. Драго ми е што пријателскиот однос на Велика Британија кон Македонија останува. Ние разговаравме за реформите што Македонија треба да ги направи, но и да дадеме дополнителни причини на вакви влијателни пријатели на Македонија да се вклучат во помагањето на интегративните процеси на нашата земја.

Нашето место е во НАТО и ЕУ, Велика Британија тоа го знае и како респектабилен член на НАТО алијансата може да биде од огромна помош во делот од разговорите за отстранување на ветото кое го имаме од нашиот јужен сосед, за колку што е можно побрзо членство во НАТО. Секако, сите други опции остануваат отворени и понатаму да ги унапредуваме сите соработки со Република Грција, да ги изнаоѓаме начините на решавање на сите проблеми. Да се надеваме дека во делот на преговорите, паралелно со реформите, ќе ги решаваме прашањата, како што реков, со идната опозиција во Македонија преку консензус и дефинирани со референдум.

Но убеден сум дека на Македонија ќе и требаат многу пријатели, а еден од тие пријатели е токму Обединетото Кралство кое навистина останува посветено на Р.Македонија и овде во регионот и во иднина ќе биде од огромна помош пред се на економски план, но секако и на интегративниот процес на Македонија во НАТО и ЕУ“, изјави Зоран Заев.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -