fbpx
28.8 C
Skopje

АВМУ: При известувањето за Собранието на 27 април, ТВ Нова не ги почитувала професионалните начела

АКТУЕЛНО

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги изврши вонреден надзор врз програмата на Трговското радиодифузно друштво ТЕЛЕВИЗИЈА НОВА ДООЕЛ, Скопје, емитувана на 27 април 2017 година.

Со надзорот е констатирано дека при известувањето за случувањата во Собранието на РМ, не се почитувани професионалните начела за вршење на дејноста, што е спротивно на член 61 став 1 алинеја 9 од ЗААВМУ.

Извештајот од вонредниот надзор е достапен на следниот линк http://avmu.mk/images/Izvestaj_TV_Nova_05.05.2017.pdf

Согласно својата надлежност Агенцијата на ТЕЛЕВИЗИЈА НОВА ДООЕЛ, Скопје и упати писмено укажување за примедбите и наодите од надзорот, се вели во соопштението на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -