17.8 C
Skopje
Thursday, March 28, 2024

За молитвите и за велосипедите

Учителот сакаше да ги побие  претставите кои луѓето ги имале за Бог.
„Ако твојот Бог доаѓа да те спасува и да те вади од мака” – велел тој – “време е да почнеш да го бараш твојот вистински Бог.“
Кога го прашале што има предвид, тој ја раскажал следнава приказна:
Еден човек додека пазарувал, решил да го остави на пазарот својот чисто нов велосипед. Се случило нешто и човекот си заминал дома без да го земе својот велосипед. На следниот ден отишол на пазарот мислејќи дека велосипедот е украден, ама за чудо го нашол таму каде што го оставил. Изненаден и радосен, човекот отишол во најблискиот храм да му се заблагодари на Господ, затоа што го зачувал неговиот велосипед. Кога излегол од храмот после молитвата, велосипедот го не бил таму. Некој го украл.

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -

Последни објави

- Advertisement -