6.8 C
Skopje
Monday, December 9, 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и СДС покрај политичката криза ја втурнаа Република Македонија и во правна криза

Криминалецот Зоран Заев и СДС со нелегалниот обид за избор на претседател на Собранието, го скршија Уставот, законите и Деловникот за работа на Собранието. За тоа мора да сносат одговороност !

Заев и СДС покрај политичката криза ја втурнаа Република Македонија и во правна криза. Создадоа правни преседани со кои што во иднина се отвора можност за незаконско гласање на двојазичноста, двојазични банкноти и униформи, геноцид и сите останати елементи од Тиранската Платформа, без притоа да се почитува волјата на граѓаните.

Заев и СДС 4 – ти ден молчат за албанските знамиња во кабинетот на нелегално избраниот од нивна страна претседател на Собранието, исто како што молчеа и стоеја кога се пееше химната на албанската држава во македонскиот законодавен дом.

Заев очигледно ужива кога го навредува македонецот. Во еден ист ден ги прогласи Македонците и за Бугари и за Срби.

Ваквите антимакедонски ставови на Заев беа пофалени од Божидар Димитров, кој рече дека Заев бил во право и дека Македонците се Бугари, а Струмица од каде што потекнува Заев е бугарски град.

Заев добива пофалби од сите негатори на Македонија, само не од граѓаните, кои упорно и се погласно бараат парламентарни избори.

Граѓаните се чувствуваат постизборно измамени и несакаат Република Македонија да се претвори во бинационална држава, со сите елементи од Тиранската Платформа.

Граѓаните сакаат економски просперитет и технолошки прогрес, а не платформи и програми кои ја заглавуваат државата длабоко во минатото и не носат ништо за подобрување на нивниот живот.

Гласот на граѓаните мора да биде слушнат !

Народот е на нозе !

Македонија се буди !

СДС ќе сноси одговорност за злоделата врз Македонија !

ВМРО ДПМНЕ

поврзани објави

Последни објави