Итната медицинска служба во Делчево успешно спаси живот на премрзнат човек кој бил пронајден во месностна викана Брежјето.
Според информациите кои ги добивме од Итната медицинска помош во Делчево, станува збор за 57 годишен човек, жител на Општина Делчево, кој заминал да го нахрани добитокот, а потоа не се вратил дома. Неговите најблиски кога отишле да го бараат, го пронашле паднат во вода во бесознание.
Раководителот на Итната медицинска служба на Делчево, д-р Гоце Стојменовски соопшти дека екипата региарала брзо, а на лицето му било дадено терапија за реанимација. По инсистирање на неговото семејство, лицето е пуштено да домашно лекување и засега се наоѓа надвор од животна опасност. Случајот го потврдија и од П.С Делчево.