-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

ОЈО врши увид на местото каде е убиен градоначалникот на Општина Боговиње

Основното јавно обвинителство – Тетово врши увид на местото каде околу 10.40 часот беше убиен Градоначалникот на Општина Боговиње.

„Според првичните информации, осомничениот го паркирал своето возило во непосредна близина на Општина Боговиње и се упатил кон бурекџилницата од спротивната страна каде во тој момент седел градоначалникот на општината. По кратка расправија со градоначалникот, осомичениот испукал неколку куршуми со огнено оружје – пиштол кон него. По настанот осомничениот, инаку поранешен вработен во Општина Боговиње, се упатил кон својот дом каде се обидел да си го одземе животот“, стои во соопштението од ОЈО.

Јавното обвинителство објаснува дека е издадена наредба за обдукција на телото на Хазби Идризи, наредба за собирање на траги и доказен материјал од местото на настанот, како и наредби за криминалистичко – техничко вештачење.

поврзани објави

Последни објави