4.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Додовска: Противзаконскиот избор на Џафери е големо злосторство против Македонија

Да не заборавиме дека тој ден, 27 април, во македонското Собрание се случи најголемата државна навреда која може да му се случи на еден народ и на една држава. Тоа беше пеењето на албанската национална химна во срцето на Македонија.

Ова го истакна професорката Иванка Додовска на денешната панел дискусија организирана од страна на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ на тема случувањата во Собранието на 27 април.

„Во 18 часот претседавачот Трајко Велјановски ја затвори седницата, во тој момент завршуваат сите активности за тој ден во однос на предвидената точка на дневен ред. Но, тие вон процедура, противзаконски, без доволен број на пратеници, чинам 58 или 59 пратеника, се собраа, ударнички, насилно и го направија големото злосторство против Македонија. Во држава каде сериозно владеат Устав и Закон, тоа е кривично дело со доживотна казна затвор за сите учесници во тој криминал“, подвлече Додовска.

Кога ќе го земеме тоа во предвид, додаде професорката, тогаш ќе можеме да ги разбереме дел од граѓаните кои изгубија контрола над себе, решија дека ќе заборават на своите семејстава и лично ќе се пресметаат со овие злосторници.

„Деновиве гледам дека некои го признаваат Талат Џафери како претседател на Собранието, тој за мене е обичен пратеник“, рече Додовска.

поврзани објави

Последни објави