5.8 C
Skopje
Sunday, December 1, 2024

Телефонски разговор Лавров – Тилерсон и Габриел

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров вчера оствари телефонски разговори со неговиот германски колега Зигмар Габриел и државниот секретар на САД Рекс Тилерсон. Основна тема на дискусиите беше ситуацијата во Сирија, јави ТАСС, повикувајќи се на соопштението на руското Министерство за надворешни работи.

Лавров прво разговарал со Габриел. Рускиот министер за надворешни работи го истакнал значењето на четвртата средба од процесот за зајакнување на примирјето во Сирија, одржана пред два дена во Астана.

На средбата беше потпишан договорот со што се предвидува создавање на деескалациони зони во Сирија со цел да дојде до намалување на насилството на нејзина територија, како и создавање на поповолни услови за последниот круг од преговорите за Сирија под покровителство на ОН во Женева.

Лавров и Габриел, освен тоа, ја потврдиле и својата подготвеност да работат во рамките на таканаречениот „Нормандски формат“ за решавање на конфликтот во Украина врз основа на Минскиот договор.

Малку подоцна, рускиот министер за надворешни работи разговарал со американскиот државен секретар за создавањето на зони за деескалација во Сирија. Лавров и Тилерсон зборувале и за некои други регионални проблеми и прашања по билатералниот дневен ред.

Двајцата се согласиле за понатамошни руско-американски контакти.

поврзани објави

Последни објави