7.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

4 мистериозни луѓе без минато

Да бидеме искрени – секој од нас сака убава мистерија, нели? А цели четири – уште подобро.

Mental Floss ни го нуди токму тоа – мистериозни случаи на луѓе, чие минато е обвиткано во тајни или едноставно недостасува.

Џером од Сенди Чове

Во септември 1863 година на плажа во Нова Шкотска, Канада, бил откриен чуден маж без нозе. Тој не зборувал англиски и локалните луѓе го крстиле Џером. Но Џером не зборувал и никаков друг јазик и дури не користел членоразделни изрази. Лекарот заклучил дека ампутација се неодамнешни и при тоа се дело на искусен хирург.

Истакнат полиглот се обидел да комуницира со Џером на француски, италијански и шпански, но без успех. Чудниот маж живеел цели 50 години во својот нов дом без некој да разбере кој е тој и каде доаѓа.

Џон Доу Број 24

Во октомври 1945 година на улиците на Џексонвил, државата Илинои, се појавил млад човек кој не можел да зборува или комуницира по каков и да било начин. Единствено што напишал било името “Луис”. Властите го згрижиле во засолниште за душевно болни лица каде му го  дале името Џон Доу број 24, бидејќи бил 24-тиот безимени маж во институцијата. За “Луис” и така не се сетил никој. Непознатиот починал дури во 1993 година, но мистеријата околу него не била решена.

Мажот од дупката

Познат по прекарот “Најдобар осамен маж на светот” и “Последниот дивјак”, овој маж бил пронајден во дупка во Амазонија во 1996 година Јазикот кој го зборувал, бил непознат, ниту се знаело што е неговото племе. Кон 2014 година тој се уште е жив.

тој се уште е жив и живее територија околу 40 километри квадратни

Каспер Каузер

Ова веројатно е измама, но пак е добро смислена. На 26 мај 1828, на плоштадот Уншлит во Нирнберг, младо момче со уморен изглед едвај стигна до плоштадот и несвестици во рацете на локалниот чевлар Георг Вахман. Момчето било добро градено, но неговата градба изгледала чудно, сеедно екстремитетите му се здрвени. Во него имало две писма – едното без потпис од маж кој дал ветување дека ќе го  одгледа момчето, бидејќи неговата мајка не можела да се грижи за него. Во другото писмо го пишувало името на момчето – Каспар, и дека кога ќе стане 17 години ќе треба да го одведат во VI кавалерииски полк, каде бил неговиот  починат татко, инаку полицајец. Пет години подоцна Каспар Хаузер се довлечкува искрвавен во домот на својот чувар и малку подоцна умира од прободените рани во градите. На неговиот гроб е изгравиран следниов натпис: “Тука почива Каспар Хаузер, мистерија на епохата, со непознато потекло и мистериозна смрт”.

За петте години поминати во Нирнберг и Ансбах, Каспар научил да зборува, одел во училиште и се образовал, влегол дури во високото општество, каде за неговото потекло се шепкале страшни претпоставки. Едни го сметаат за лишен од круната престолонаследник, други – за самопрогласен престолонаследник. Трети дури зборуваат дека смртоносните рани се предизвикани од неговата сопствена рака.

поврзани објави

Последни објави