6.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

СДСМ: Македонија ја очекува новата Влада

„Демократските процеси се одвиваат согласно Уставот, законите и Деловникот. Тоа го знае целата домашна но и меѓународна јавност што го поздрави именувањето на новиот собраниски претседател.

Сите сега ја очекуваат новата реформска Влада на граѓаните на Македонија којашто е државен приоритет.

ВМРО ДПМНЕ мора да најде сила да биде конструктивна опозиција којашто ќе ги поддржи реформските процеси, наместо да продолжуваат со лагите за личните интереси на Никола Груевски.

Злоделата и криминалните врски на раководството на ВМРО ДПМНЕ со убијци, криминалци и проблематични разуздани структури кои тешко повредија пратеници, новинари и вработени во Собранието на Р.Македонија ги виде цела домашна и меѓунарoдна јавност и тие не смеат да се повторат.

Сите поттикнувања на омраза, тензии и насилни активности се тешки противуставни кривични дела за коишто законски се одговара“, се вели во реакцијата на СДСМ на прес-конференцијата на Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ.

поврзани објави

Последни објави