14.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Зелс: Осуда за убиството на градоначалникот на Боговиње Хазби Идризи

ЗЕЛС го осудува чинот на грозоморното убиство што беше извршено утрово врз градоначалникот на општина Боговиње, Хазби Идризи, долгогодишен член на Заедницата и активен учесник во нејзиното јакнење и унапредување.

„Градоначалниците, општинските советници и сите вработени во локалната власт во земјава се длабоко потресени од овој немил и неочекуван настан, особено што е извршен врз личност со високи морални вредности и голема професионална одговорност. Станува збор за еден од најуспешните градоначалници, кој беше целосно посветен на развојот на децентрализацијата на власта и развивањето на демократските процеси во земјавa.

Неговите успеси ги потврдуваат не само неговите сограѓани од општината Боговиње, туку тие беа длабоко почитувани и применувани од другите општини во земјава и надвор од неа, се наведува во соопштението.

ЗЕЛС упатува искрено жалење за огромната загуба и до неговото семејство и апелира до надлежните органи за поитно утврдување на причините за стореното злосторство“, стои во соопштението на ЗЕЛС.

поврзани објави

Последни објави