fbpx
33.8 C
Skopje

Шпански воен брод спаси 651 мигранти во Средоземно Море

АКТУЕЛНО

Шпански воен брод денеска спаси 651 мигранти кои се обидувале од Северна Африка преку Средоземно Море да пристигнат во Европа, соопшти шпанското Министерство за одбрана.

Фрегатата Канарис, која учествува во мисијата на Европска унија ги спасила мигрантите во близина на брегот на Либија.

Мигрантите се од различни држави на Африка.

За помалку од три месеци патролирање во Средоземно Море фрегатата спасила 1.958 мигранти.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -