fbpx
35.8 C
Skopje

Кениецот Кируи старо-нов победник на Скопскиот маратон, нашиот Ивановски победи на полумаратонот

АКТУЕЛНО

Kипротич Кируи од Кенија втора година по ред остварува триумф на Скопскиот маратон. Искусниот маратонец очигледно дека ги обожава скопските улици, а тоа овој пат го стори со време од два часа, 12 минути и 59 секунди.

Како што можеше и да се претпостави, атлетичарите од Кенија доминираа на најдолгата патека, а по Кируи следеше неговиот сонародник Едвин Кипрути Кирва со време од 2:16.15 часа, додека, пак, на третото место се најде Сејмуел Кимутаи Киптум кој целната линија ја мина за време од 2:16:32 часа.

Нашиот Дарио Ивановски пак е победник на полумаратонот кој денес се трчаше во склоп на Скопскиот маратон. Патеката во должина од 21 километар Ивановски ја мина за време од 1:11:27 часа.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -