Еден од најчестите лекарски совети е да се конзумира по едно јаболко дневно. Овошјето е природен извор на енергија, и повеќе од корисна е ваквата препорака. Но, зошто да застанете тука? Како и секогаш, разновидноста е најважна, а постои голем избор на овошја, што треба да се вкусат и во кои треба да се ужива. Најважно е да се изнајдат нови начини за конзумирање на овошје во секојдневната рутина.
На пример почнете го денот со парче овошје или пак додадете парчиња банана и бобинки во житата. Збогатете го вашиот ручек со праски, круши или диња или направете слатко од свежо овошје. Или пробајте риба или месо со сос од тропско овошје. Со други зборови, бидете авантуристи и откријте каков е вкусот на јапонските јаболка, сливите и урмите.
Овошје за здрави очи
Луѓето што јадат најмалку три овошни оброци секој ден го намалуваат ризикот од очна болест што често пати предизвикува слепило после 65 та година.
Мажите и жените што јадат најмалку 3 оброци дневно од кое било овошје го намалуваат ризикот од заболување на макуларната дегенерација за 36% споредено со лицата што ќе изедат само еден оброк овошје.
Главни птевентивни компоненти во овосјето се каротеноидите, флавоноидите, влакната, фолатите и калиумот.
ФИТОМАТЕРИИ – едни од најпознатите се флавоноидите кои природно ги има во јужните овошја, кромидот, јаболката и грозјето.
Индолот е друг вид на фитоматерија и се наоѓа во зеленчукот добиен со вкрстување (како брокулите и прокулите) и може да ве заштити од хронична болест.
Кератониди – најпознат е бета каротенот и тој им дава боја на морковите и на другите портокалови, црвени и жолти производи а во телото се претвора во витамин А.
Лутеинот и зеаксантинот (од зелениот зеленчук) и ликопенот (од доматите) можат да ве заштитат од коронарно артериски болести, катаракта, пегавост и рак.
Изофлавони – растителниот естроген се содржи во храната богата со соја, и се смета дека ги има сличните ефекти како и естрогенот. Тој е корисен за намалување на крвниот притисок, намалување на ризикот од рак на дојките поврзан со хормоните, ендометриумот, простатата и ослободува од симптомите на менопаузата.