Лидерот на партијата Достоинство и поранешен генерал-мајор на специјалните единици на македонската полиција, Стојанче Ангелов во чест на 7 мај, денот на полицијата на Република Македонија на својот ФБ профил упати честитка до припадниците на полицијата и безбедносните служби.
„На моите поранешни колеги им го честитам 7-ми мај, денот на македонската полиција, со надеж дека ќе успеат да си го вратат професионалниот дигнитет и делумно згазеното достоинството“, стои во честитка на Ангелов.