-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Тужба за 10 милијарди за Сорос

Тужба за 10 милијарди долари е покрената против Џорџ Сорос со обвинение дека се меша во политиката на една сиромашна африканска држава,  пишува Брук Сингман од “Фокс њуз”. 86-годишниот инвеститор кој контролира мрежа на меѓународни невладини организации, го употребил своето влијание врз владата на Гвинеја, за да се укинат правата на израелската компанија BSG Resources врз добивот на железна руда во западноафриканската држава. Ова се наведува во тужбата, поднесена минатиот месец во федералниот суд во Њујорк од страна на BSG Resources.
Сорос е мотивиран исклучиво од злобата, бидејќи нема економски интереси во Гвинеја“, тврди BSGR во судските документи. Портпаролот на Сорос, кој редовно ги поддржува демократските влади во Источна Европа и Африка, вели дека филантропот има постојан интерес за помагање на сиромашните земји и само сака да стане јасно дали израелската компанија платила мито, за да ја добие концесијата за добив на железо. Каков и да е крајниот резултат од случајот, ова не е прв пат кога Сорос е обвинет за користење на политичко влијание со цел сопствена корист. Критичарите во целиот свет, вклучувајќи ги САД, и  татковината на Сорос – Унгарија, велат дека либералниот инвеститор често се маскира како човекољубец за да  манипулира одредени земји преку политичко влијание.

поврзани објави

Последни објави