-0.2 C
Skopje
Friday, January 17, 2025

Претседателот на Германија во посета на Израел

Преседателот на Германија, Франк-Валтер Штајнмајер пристигна во тридневна посета на Израел, неколку денови откако изби спор меѓу шефот на германската дипломатија Зигмар Габриел и израелскиот премиер Бенџамин Нетанјаху.

Нетанјаху на 25 април не се сретна со Габриел, откако германскиот министер одби да го откаже состанокот со припадниците на невладина организација, која ја критикува израелската Влада.

Штајнмајер денеска ќе се сретне со Нетанјаху, а потоа со претседателот на Израел, Рувен Ривлин, а во Рамалах ќе има средба со палестинскиот претседател Махмуд Абас.

Тоа е прва посета на Штајнмајер на Израел откако ја презеде претседателската функција во март.

поврзани објави

Последни објави