3.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

Рама: Балканот кој е оценет како буре барут треба да и се придружи на Европа, посилно од кога било

Албанскиот премиер Еди Рама во неделата оценил дека ЕУ, како најуспешна унија во историјата, се наоѓа на крстосница, истакнувајќи го значењето на денешните претседателски избори во Франција за судбината на овој сојуз.

Според Рама, Балканот, инаку означен како буре барут, треба да и се придружи на Европа и таа потреба е посилна од кога било порано, но од друга страна и на Европската унија Балканот никогаш не и беше попотребен отколку што е тоа случај денеска.

Товарот на минатото во регионот е потежок отколку било каде на друго место во земјите на комунистичка Европа, така што напорите на земјите да се приближат кон Европа всушност претставуваат напор да се раскине со минатото, рекол Рама во Ѓирокастро.

Тој изрази надеж дека исходот од изборите во Франција ќе биде во прилог на афирмацијата на Европа каква што ја посакуваме, но додаде дека фактот дека постои поинаква деструктивна алтернатива и дека тоа што за неа ќе гласаат милиони Французи не го отстранува прашалникот кога станува збор за иднината на Европа

поврзани објави

Последни објави