Француското Министерство за внатрешни работи денеска ги соопшти конечните резултати од вчерашниот втор круг од претседателските избори, според кои, Еманеул Макрон освоил 66,1 отсто од гласовите, а Марин Ле Пен 33,9 проценти.
Како што јави дописникот на МИА од Париз, на овие избори е забележан и рекордно ниско излезност на избирачите од 74,56 отсто.
За Емануел Макрон гласаа 20.753.704 Французи, а за Марин Ле Пен 10.643.937 гласачи.
Над 12 милиони француски избирачи не го остварија своето гласчко право на вчерашнити избори, а од обие кои гласаа дури 4,07 милиони уфрлиле неважечко ливче или не се изјаснија за ниту еден од двајцата кандидати.