Во неделата која претстои, Норвешка ќе започне со исклучување на ФМ радиото, односно ќе ги исклучи аналогните радио мрежи и ќе се префрли на дигитални, потег на владата, кој не го одобрува населението.
Парламентот на Норвешка го донесе овој закон, иако според анкетите на медиумите во оваа држава, речиси 70% од населението не сака да започне со користење на дигитална мрежа.
Најголем проблем претставува фактот што многу од автомобилите немаат дигитална мрежа, поради што радиото кое моментално го имаат ќе нема никаква функција и значење.
Околу два милиони автомобили од следната недела ќе немаат радио врска, а милион радио приемници во домовите ќе прекинат да работат, откако ќе бидат исклучени ФМ мрежите.
Покрај Норвешка, ваков тренд во иднина размислуваат да воведат и Данска, Швајцарија и Велика Британија. Ваквиот потег на владата на Норвешка доаѓа поради желба за подобар сигнал, во земјата која има огромен број на планини.