8.8 C
Skopje
Tuesday, December 10, 2024

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ никогаш не направиле нешто за полицијата

Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција од партиското седиште упати критика до СДСМ за нивниот однос кон полицијата.

„СДС го покажа своето лице и покажа дека кршењето на процедурите, на Уставот и на законите е единствениот начин на кој што знаат да работат.

Впрочем за каков легалитет и легитимитет може да зборуваме кога се обидоа нелегално да изберат претседател на Собранието. Која ќе биде легалната основа врз која ќе се води работата на Собранието, ќе се носат закони и ќе се носат одлуки.

Таквиот преседан не може да донесе ништо добро. Затруеното дрво раѓа затруени плодови, а нелегално избраниот претседател не може да носи легални одлуки.

СДС покажа дека брза по секоја цена да се добере до власт и час поскоро да отпочне да ја реализира Тиранската Платформа.

СДС не може да понуди ниту демократија, ниту реформи, ниту професионалност.

Крајно лицемерно е денес да зборува за професионалност во полицијата, која наводно тие ќе ја донеле, кога истиот тој Оливер Спасовски кога беше неколку месеци на позицијата министер за внатрешни работи направи брутална и противзаконска партизација на полицијата. Истиот тој Оливер Спасовски не направи една полициска акција за сузбивање на криминалот. Напротив се фотографираше со припадници од наркомафијата и подземјето, со фалсификатори како Чауш и со криминалци кои му одработуваа на теренот.

Патем СДС никогаш не направило ништо за полицијата. Секогаш ја напаѓале и обвинувале. Деновиве изминаа точно 2 години од бруталното насилство врз полициските службеници на нивниот протест пред владата. Вандалите и насилниците од СДС и платеничката револуција, тогаш повредија 40-тина полицајци. Полициските службеници и целата јавност видоа со кого си имаат работа. Целата деструкција на криминалецот Заев излезе на површина.

Дополнително утре се навршуваат 2 години и од полициската акција во Диво Насеље. Оливер Спасовски и Зоран Заев наместо да покажат грижа за оние кои се жртвуваа за Република Македонија, отидоа да прават селфи и да се смеат на местото каде што беа убиени македонските херои. Оливер Спасовски нема никакво морално право да говори за полицијата. За деветте месеци додека беше министер единствена реформа беше унапредувањето на сопругот на Фросина Ременски и целосно партизирање на министерството.

Почитувани,

Ова е капацитетот на СДС, да се заортачи со криминалци, со центри кои не и мислат добро на државава, со негатори на македонскиот идентитет, само за да дојде на власт.

Криминалецот Заев и криминогеното раководство околу него премолчува се што е на штета на Република Македонија и му се брза да формира Влада, мислејќи дека ќе се спаси од кривичен прогон за големиот број на кривични дела за кои треба да одговара согласно закон.

Граѓаните не сакаат да станат заложници на Заев и неговата деструктивна политика“ рече Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес конференција.

поврзани објави

Последни објави