fbpx
36.8 C
Skopje

Партијата на Ле Пен ќе го менува своето име

АКТУЕЛНО

Француската крајнодесничарска партија “Национален фронт” се подготвува да го смени своето име, но без да ги менува своите идеи. Ова го изјави во Париз лидерката на партијата Марин Ле Пен по вчерашниот пораз на претседателските избори во Франција од центристот Емануел Макрон. Според Ле Пен Националниот фронт, основан од нејзиниот татко – Жан-Мари Ле Пен, има потреба од осетлива трансформација, за да може да привлече повеќе приврзаници во Франција. Според експерти едно ново име на партијата ќе  и помогне на Марин Ле Пен да се дистанцира од старата гарда во партијата, вклучувајќи го и нејзинот татко Жан-Мари Ле Пен, кој беше исфрлен од Националниот фронт од самата неа.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -