fbpx
33.8 C
Skopje

Турското обвинителство бара повеќе од 3000 доживотни казни за Ѓулен

АКТУЕЛНО

Турската обвинителство бара опозициски проповедник Фетхулах Гулен да добие повеќе од 3.000 доживотни казни за збирот од обвиненијата против него, јавуваат турските медиуми. Турските власти ја обвинуваат организацијата на Ѓулен во учество во обидот за државен удар на 15 јули 2016 година. Во Турција против него се покренати судски процеси за над 20 кривични дела. Освен доживотните казни затвор, државното обвинителство бара Ѓулен да биде осуден и на парична казна еднаква на 2,2 милиони долари. Гулен изјави дека нема никаква врска со обидот за преврат и го осуди бунтот, но властите во Анкара побараа од САД, проповедникот да биде екстрадиран. По обидот за преврат во Турција беа уапсени околу 32 000 лица, а 100 000 државни службеници беа отпуштени од работа.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -