-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Земјотрес со интензитет од шест степени според Рихтер регистриран во Јапонија

Силен земјотрес со интензитет од шест степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во јужниот дел на Јапонија.

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина на 10 километри во морето во близина на островот Мијако, а јапонската Метеоролошка агенција предупреди на помали промени на нивото на морето, но не издаде предупредување за појава на цунами.

Се уште нема информации за евентуални човечки жртви ниту за причинета материјална штета.

поврзани објави

Последни објави