На 7 мај во Бостон беше врачена наградата за граѓанска храброст на фондацијата “Џон Кенеди”. Почесен гостин на настанот беше 44-тиот претседател на САД Барак Обама, кој ја доби наградата за “извонредни достигнувања за време на двата негови претседателски мандати во најтешките услови на светски спротивставувања“
Обама на свеченоста се појави со неговата сопруга, поранешната прва дама на САД, Мишел, во чиј говор често ја споменуваше.
Барак Обама посочи дека неговата сопруга била заедно до него, бидејќи сметала дека е нејзина обврска да го преземе својот дел од товарот на одговорностите со кои е оптоварено семејството на претседателот.
Јас ја сакам својата жена и сум и благодарен“, вели Обама.
„Сигурен сум дека Америка имаше голема среќа со поранешната прва дама на земјата “, истакна Барак Обама.