8.8 C
Skopje
Wednesday, December 11, 2024

Стефан Ристовски е многу блиску до трансфер во Спортинг Лисабон

Ријека е пред промоција во нов шампион на Хрватска, по долги години симнувајќи го од тронот најтрофејниот хрватски клуб, Динамо Загреб. Јасно е дека сега ги чека интересно лето во квалификациите за Лигата на шампионите, но како што пренесуваат хрватските медиуми крајно неизвесно е со каков состав ќе располага стручниот штаб.

Според пишувањата на Хрватите, без разлика на настапот во Лигата на шампионите, се поизвесно е дека од клубот заминува еден од тројцата најдобри фудбалери, македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски.

„Од поодамна е познато дека Спортинг Лисабон пројави интерес за десниот бек Ристовски, а според последните информации сега има и официјална понуда до клубот. Останува да се види дали ќе успеа Ријека да го зачува барем за настапите во Лигата на шампионите, се разбира доколку се стигне до шампионската круна во Хрватска“ – пишува хрватски „Гол“.

Како што е познато, од претходно португалскиот „Рекорд“ откри дека Ристовски му е понуден на тренерот Жорге Жесус за десната бековска позиција, каде и во моментов тимот има недостиг на квалитетни решенија.

поврзани објави

Последни објави