3.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

ЛДП со барање до надлежните институции за подобрување на состојбите на патиштата

Либерално-демократската партија денес преку соопштение на својот официјален сајт побара засилени активности на надлежните институции за подобрување на состојбите на патиштата.

Во продолжение целосното соопштение од партијата:

И покрај тоа што лошите временски состојби, односно снежните врнежи и ниските темератури беа најавени десеттина дена порано, голем дел од патиштата долго време беа непроодни. Големи застои и тешкотии во одвивање на сообраќајот имаше и на меѓународните патни правци на Коридорот 10 и Коридорот 8 и тоа во услови на снежна покривка од десет сантиметри и повеќе.

Дел од патиштата во државата се сеуште непроодни, а забраната за движење на речиси сите патни правци за товарните возила е присутна веќе трет ден. Очигледно дека и покрај предупредувањата надлежните институции не реагираа навремено и соодветно во справувањето со временските сосотојби кои се сосема очекувани за овој период од годината.

Либерално-демократската партија ги повикува сите надлежни институции да ги интензивираат своите активности и да ангажираат дополнителна работна сила и механизација од сите субјекти кои располагаат со истата, со цел да се нормализира состојбата на сите патни правци во државата. Воедно, ЛДП ги повикува и едниците на локалната самоуправа да преземат поинтензивни активности за овозможување на проодност на локалните патишта и улици, како и отстранување на мразот и снегот од јавните површини.

поврзани објави

Последни објави