Инцидентот се случил на 17 април околу 23.00 часот на улицата „Маршал Тито” во Делчево.
Дваесет и седумгодишниот У.М. од Виница пресретнал 17-годишно девојче од Делчево, која била со нејзината баба, и со употреба на сила ја ставил во такси возило. Девојката се противела и сакала да замине, но У.М. ја удрил во пределот на носот нанесувајки и телесна повреда.
Вознемирен од настанот, такси-возачот пратил порака на сопственикот на такси-компанијата, во која напишал да биде сопрен од полицијата во Македонска Каменица.
Денеска, полицијата од Делчево поднесе кривична пријава против виничанецот за сторено кривично дело противправно лишување од слобода.